Суспензијата на Марија Шарапова од две години е намалена на 15 месеци по нејзината жалба до Судот за Спортка Арбитража.Тенисерката доби две годишна суспензија откако беше позитивна на мелдониум за време на Австралија Опен.

Русинката се надеваше најмалку на преполовување на казната изречена од ИТФ, за да може да се врати на терените на почетокот од следниот месец. Сепак, со најновиот развој на настаните таа својот камбек ќе може да го има на 26 април 2017 година.

Мелдониум е супстанца која се најде на листата на забранети на почеток од 2016 година, па Шарапова тврдеше дека не го знаела тој податок.