Најмалку 60 луѓе загинаа и над 300 се ранети во самоубиствениот напад во Кабул извршен денеска со цистерна, соопштија властите.
Нападот бил извршен на плоштадот Занбак во центарот на Кабул во близина на германската Амбасада.
Директорот на болничката служба во авганистанскиот главен град изјави дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи голем дел од ранетите се во критична состојба.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.