Болница на организацијата „Лекари без граници“ била цел на напад во северен кварт од главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи.
„Нападната е болница на „Лекари без граници“ во Кабул, која потоа беше посетена од авганистански висок здравствен претставник“, изјави неименуван извор за британските медиуми, додавајќи дека нападот бил одбиен од безбедносните сили кои го придружувале заменик министерот за здравство.
Сè уште не е познато кој стои зад овој вооружен напад и колку жртви има во него. „Лекари без граници“ засега не излегоа со коментар за инцидентот.