Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Напладне почнува протестот на матичните лекари, во ординациите само колегите во руралните предели

0
By НОВА ТВ Balaban on April 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уште рано изутрина пријавивме Службите за итна медицинска помош да ги преземаат итните случаи, а  пациентите кои се со хронична терапија беа услужени со рецепти во првите денови од април. На работните места останаа само колегите во руралните  предели, а другите 90 отсто лекари ќе бидат дојдени некаде пред 12 часот пред Министерството, изјави за НоваТВ, претседателката на Здружението, д-р Лили Чолакова Дервишова

Третиот протест на матичните лекари почнува денеска напладне, на Светскиот ден на здравјето – 7 април, пред Министерството за здравство, во организација на Здружението на приватни лекари.

– Најголемиот број колеги од целата земја утринава тргнаа на протестот, а  многумина се од поддалечните градови. Уште рано изутрина пријавивме Службите за итна медицинска помош да ги преземаат итните случаи, а  пациентите кои се со хронична терапија беа услужени со рецепти во првите денови од април. На работните места останаа само колегите во руралните  предели, а другите 90 отсто лекари ќе бидат дојдени некаде пред 12 часот пред Министерството. Очекуваме масовен одзив и присуство и на колегите стоматолози, специјалисти интернисти, како и на други лекари од приватното здравство, медицински сестри и на лаборанти, изјави за НоваТВ, претседателката на Здружението, д-р Лили Чолакова Дервишова.

Таа додава дека со надлежните од Фондот за здравствено осигурување не  преговарале неколку години, а проблемите се наталожиле, па сега имаат повеќе барања.

Матичните лекари бараат, меѓу другото, капитациониот бод да изнесува 90 денари, промена на режимот на препишување лекови и да важат препораките за хронична терапија, промена на казнената политика, електронско здравство, како и да се променат буџетите за лекарите специјалисти и за лабораториите.

Управниот одбор на ЗПЛРМ донесе одлука на 7 април да има протести на здравствени работници пред Министерство за здравство во Скопје во 12 часот, е објавено на страницата на Здружението на приватни лекари.

(Љ.Б.)

 

Лили Чолакова Дервишова Матичните лекари протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, бугарската влада го повлече нацрт буџетот за 2026 година

November 27, 2025

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025

Баварскиот суд даде зелено светло за „дување“ во парковите

November 26, 2025
ФОКУС

Тензии во Бугарија: Демонстранти ги блокираа пратениците во парламенто – владата го повлече спорниот нацрт-буџет

ВЕСТИ November 27, 2025

Бугарскиот парламент синоќа до полноќ беше блокиран откако околу 30.000 граѓани излегоа на протести поради…

Хонг Конг: Евидентирани се 44 загинати, а 279 се водат за исчезнати во големиот пожар во станбените блокови

November 27, 2025

Агелер вечерва со изјава на ТВ го „утепа“ Мицкоски за судството – пораката е „помалку зборови, повеќе дејствување“

November 26, 2025

Трамп: Виткоф со Путин, а Дрискол со Украинците ќе работат на завршување на мировниот план

November 25, 2025
ТИКЕР

По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, бугарската влада го повлече нацрт буџетот за 2026 година

November 27, 2025

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025

Баварскиот суд даде зелено светло за „дување“ во парковите

November 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.