Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наплив од бегалци: Пакистан го затвори клучниот граничен премин со Авганистан

0
By Sashko on September 2, 2021 СВЕТ
Фото: khaberferosh.wordpress.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пакистан привремено го затвори клучниот граничен премин Чаман со Авганистан, јави агенцијата ДПА. Мерката доаѓа во услови на зголемен прилив на бегалци кои бегаат од талибанската власт во нивната земја.

Министерот за внатрешни работи на Пакистан рече дека одлуката се однесува на граничниот премин Чаман, но не прецизира колку долго ќе се затвори границата. Преминот Чаман ја поврзува југозападната провинција Балучистан во Пакистан со Спин Болдак во авганистанската провинција Кандахар, упориште на талибанците.

Илјадници бегалци секој ден ја минуваат границата преку Чаман, откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан минатиот месец.

Пакистан, дом на 2,7 милиони авганистански бегалци кои побегнаа во 1970-те, соопшти дека не може да си дозволи нов прилив на мигранти поради економски и социјални проблеми. Се очекува најмалку 800.000 нови бегалци да дојдат во Пакистан по копно.

Пакистан има околу десетина контролни пунктови долж границата со Авганистан со должина од 2.500 километри. Торкам, вториот по големина граничен премин што го поврзува северозападниот град Пешавар со Нангархар во Авганистан, сега е затворен.

Авганистан бегалци граничен премин затворање Наплив Пакистан Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.