Во населба претежно населена со мигранти во Стокхолм, синоќа се случуваа насилни демонстрации во кои беа запалени и неколку возила, велат шведските власти.
Високо присуство на полиција се собра во предградието Ринкеби за време на апсење на осомничен, а според регионалниот шеф на полицијата на Стокхолм, Улф Јохансон, тоа е веројатно последица на се поголемиот притисок врз криминалците во таа област.
Овие протести се случуваат откако неодамна претседателот на САД, Доналд Трамп ги обвини мигрантите за криминални дејствија во Шведска, Германија и други земји, сакајќи на тој начин да ја оправда својата надворешна политика кон мигрантите.
Полицијата ги растерала собраните со неколку истрели во воздух.
Но и покрај немирите, уништени се неколку излози на продавници а до полноќ состојбата била комплетно смирена.




