НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Натали Лоазо пред посетата на Македонија: Франција секогаш била на ваша страна

0
By Нова ТВ on February 24, 2019 ВЕСТИ
Фото: express.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Француската министерка за европски прашања Натали Лоазо во пресрет на нејзината посета на нашата земја најавена за 26 февруари во интервју за МИА говори за поддршката на нејзината земја на македонски евроатлански цели, за ставот во однос на проширувањето на ЕУ, за важноста од спроведување на клучните реформски приоритети и за француската поддршка на тој план.

Франција и Македонија минатата година одбележаа 25 години дипломатски односи, а Париз во континуитет дава целосна поддршка во реализацијата на стратешките цели за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО. Но, Франција е носител на концептот „прво реформирање на ЕУ, па ново проширување“. Дали тоа значи дека Франција не би поддржала евентуално отворање на пристапните преговори на Македонија со ЕУ на самитот на Унијата во јуни?

– Франција отсекогаш била на страната на вашата земја, од моментот на осамостојувањето и во најтешките моменти од нејзината историја, преку активната улога на Робер Бадентер, Франсоа Леотар, како и на Ален Ле Роа кој впрочем ќе биде во Скопје на денот на мојата посета за да присуствува на комеморативните настани од 15-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски.

Франција отсекогаш ја поддржувала Република Северна Македонија, а сега посакува повеќе од кога и да било да ја види зајакната и интегрирана во регион на мир и на развој. Последните две години Скопје направи извонреден напредок за регионалното помирување и благодарение на храбрите одлуки за кои знаеме дека беа болни, се надмина историскиот спор со Грција.

Оваа храбра одлука, Договорот од Преспа, овозможи да се потпише протоколот за членство во НАТО и претставува огромен напредок за безбедноста на Северна Македонија. Франција го потпиша истиот и се радува што ќе бидеме сојузници во рамките на Северноатлантската Алијанса.

Што се однесува до приближувањето на Северна Македонија кон Европската Унија – пристапните преговори ќе се отворат откако Северна Македонија ќе ги исполни сите критериуми. Европската Унија пак, од своја страна, ќе треба прво да ги реализира неопходните внатрешни реформи пред да се случи ново проширување.

Франција беше меѓу најгласните членки на ЕУ (со Данска и Холандија) на чие инсистирање лани и покрај извесен напредок во реформите и постигнатиот договор за името со Грција, Македонија да добие само условен датум за отворање на пристапни преговори со ЕУ. Се бараше испорачување реални и одржливи реформи во клучните области. Дали имплементацијата на Договорот од Преспа, која значеше и спроведување на уставните измени заради промена на уставното име, ќе биде доволна оваа година да ги започнеме преговорите со Унијата?

– Договорот од Преспа претставува позитивен чекор и треба силно да се поздрави. Разбирам дека во последните месеци приоритет на Владата беше да се постигне овој дипломатски успех и неопходните уставни измени.

Приближувањето кон Европската Унија наложува други критериуми – треба да продолжат реформите во Северна Македонија, на економски план, како и зајакнување на правната држава и борбата против корупцијата. Доколку се однесуваме поинаку не ѝ правиме услуга ниту на Европската Унија, ниту на Република Северна Македонија.

Во наш заеднички интерес е доследно почитување на овие критериуми. Европската Унија треба да се реформира, како што напоменав. Европската комисија, како и минатата година, ќе го објави извештајот за напредокот во јуни и тогаш ќе разговараме попродлабочено заедно со сите држави членки.

Рековме еден од условите за преговори на кои настојува официјален Париз е спроведувањето на реформите во судството, администрацијата, безбедносните служби и борбата против корупцијата и криминалот. Какви се вашите проценки за реформскиот процес во земјава?

-Реформите кои се отпочнати со помош на европските институции и на државите членки, вклучително и на Франција, одат во добра насока и треба да продолжат. Ние уште повеќе ќе ја зајакнеме нашата билатерална соработка преку дејствувањето на Француската агенција за развој, поддржувајќи проекти од областа на животната средина и поврзаноста. Ќе ја продолжиме и соработката со Академијата за судии и јавни обвинители во област која што е од суштинско значење за Северна Македонија.

Потребно е трпение и политичка волја за да реформите не бидат сведени само на евиденција на хартија при изгласување на секој закон туку истите треба да се спроведат во пракса. Но, сето ова не би имало смисла без вистинска правна култура. Предолгиот рок за воспоставување на антикорупциската комисија сведочи за присутен отпор и тешкотија да се обезбеди ефикасна контрола. Ниту најдобрите институции на хартија не може да бидат гаранција доколку не постои демократска контрола и рамнотежа меѓу нив.

Дали она што е сработено ни дава право да се надеваме на ваша поддршка во отпочнување пристапни преговори со ЕУ и доколку не, на што мора да се фокусира Владата за исполнување на целта?

– Навистина има малку време за да се спроведат неопходните реформи, а нашите очекувања од Северна Македонија се големи. Особено ќе бидеме внимателни за усвојувањето на законот против дискриминација кој обврзува на поголемо почитување на слободите и на европските вредности. Владата треба да донесе мерки против фаворизирањето и корупцијата, а партиите сами треба да преземат мерки за да се зголеми нивната доверба. Не зависи сè од законите и од судиите, туку од мобилизираноста на граѓанското општество и на самите граѓани. Ги повикувам македонските власти да го дадат неопходниот елан.

Во однос на реформските процеси Франција е практично вклучена и помага со експерти и обуки, особено во делот на административните и правосудните реформи. Во кој правец ќе се движи француската поддршка во следниот период?

– Нашата билатерална соработка која е особено активна, уште од 2000 година, преку спроведувањето на обуки кои оставиле силен белег врз нивните слушатели. Ја споменав нашата поддршка за Академијата за судии и јавни обвинители и истата сакаме да ја унапредиме. Ќе ја продолжиме поддршката за постигнување на ефикасна и независна администрација, но за тоа ќе биде потребен политички одговор од непартизирана држава.

Дејствувањето на Француската агенција за развој ќе претставува повод за интензивирање на нашите напори, особено за подобрување на родовата еднаквост во општеството. Исто така, посакуваме зголемување на активностите на РИКО, организација основана со поддршка на Франција и на Германија на самитот во Париз за Западен Балкан во 2016 година, која предвидува реализација на проекти и движење на младите во регионот. Северна Македонија, која е полноправен член на Меѓународната организација на Франкофонијата, може да смета и на нејзината поддршка.

Во тек е процес на ратификација на пристапниот протокол за НАТО. Кога се очекува оваа процедура да биде спроведена во Парламентот на Франција?

– Посакуваме ратификувањето да се случи што е можно побрзо и за таа тема сме во контакт со француското Собрание. Воопшто не е едноставно имајќи го предвид големиот број на внатрешни реформи за кои ние во моментот дискутираме и се на дневен ред. Во текот на посетата ме придружуваат двајца пратеници кои се пријатели на вашата земја и убедена сум дека тие ќе ги најдат соодветните аргументи да ги убедат своите колеги дека Република Северна Македонија заслужува да го добие тој знак на охрабрување и пријателство од наша страна.

Македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска неодамна најави интерес за учество во заеднички мисии под покровителство на ЕУ со Франција. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за таквата можност?

– Франција е убедена дека може да се најде решение на предизвиците со кои се соочуваме единствено во обновена и зајакната мултилатерална и европска рамка. Особено ги цениме сите сигнали кои го поддржуваат тој пристап, а посебно помошта од вашата земја. Европската унија е присутна во повеќе мисии, пред сè во Африка, а вашето учество би било навистина корисно.

Македонија министер Натали Лоазо посета Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.