Сојузниците на НАТО денеска се состанаа во Северноатлантскиот совет за да се консултираат за ситуацијата во Авганистан.

„Продолжуваме да ги оценуваме случувањата на терен и сме во постојан контакт со авганистанските власти и остатокот од меѓународната заедница. Наша цел и натаму останува поддшка на авганистанската влада и безбедносните сили колку што е можно повеќе. Безбедноста на нашиот персонал е најважна. НАТО ќе го задржи нашето дипломатско присуство во Кабул и ќе продолжи да се прилагодува по потреба“, велат од Алијансата.

Сојузниците на НАТО се длабоко загрижени за високото ниво на насилство предизвикано од офанзивата на Талибанците, вклучувајќи напади врз цивили, насочени убиства и извештаи за други сериозни кршења на човековите права.

„Талибанците треба да разберат дека нема да бидат признати од меѓународната заедница ако ја преземат земјата со сила. Ние остануваме посветени на поддршката за политичко решение на конфликтот“, додаваат од Алијансата.