Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Националниот џез оркестар утревечер го отвора „JAZZHR“: Заеднички концерт со врвни солисти од регионот

0
By Ана Василевска on October 24, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 24, 2024 12:03

 Ова е прв концерт на нашиот џез оркестар на овој џез фестивал, кој хрватските медиуми го најавуваат со голема возбуда.  

На сцената на Клуб Театар Комедија-Контеса во Загреб, утревечер, 25 октомври, во 19.30 часот ќе настапи Националниот џез оркестар, заедно со солисти од регионот, со што воедно ќе биде отворено есенското издание на „JAZZHR“.

Публиката со нетрпение го очекува овој концерт кој ќе понуди богата програма заедно со врвни солистички имиња од регионалната џез сцена.

„Голема чест и задоволство е да го отвориме Хрватскиот џез фестивал. Ветуваме уште еден незаборавен концерт со разновидна и богата програма. Се чувствуваме возбудени и мотивирани од атмосферата со која на дочекаа во Загреб“, вели Гоце Стевковски, директор на НЏО.

Националниот џез оркестар ќе настапи во состав: Трајче Велков, Сенад Усеин, Александар Златески, Јордан Колевски на труби, Сашко Николовски, Филип Богоевски, Енис Мехмедов, Никола Ристевски на тромбони, Борислав Веселинов, Славко Георгиев, Иван Иванов, Валентин Видовиќ на саксофони. Како дел од оркестарот на контрабас ќе настапи и нашиот истакнат џез уметник Мартин Ѓаконовски Шпато.

Диригент на концертот е маестро Џијан Емин.

Од регионот солисти се Александра Бјелиќ -вокал, Марио Бочиќ-саксофон, Филип Булатовиќ-клавир, Томаж Гајшт-труба, Алба Нациновиќ-вокал, Јанко Новоселиќ-тапани.

Покрај композициите од наведените солисти, ќе бидат изведени и по една композиција на нашите автори Гоце Стевковски, и Гордан Спасовски каде како солисти ќе се претстават Гордан Спасовски, Виктор Филипински, Зоран Костадиновски и саксофонистот Кирил Кузманов кој на годинешниот Скопскиот џез фестивал ја доби наградата за најдобар џез музичар.

Хрватските медиуми го најавуваат почетокот на „JAZZHR“ (25-27 октомври) како извонредна можност да се слушне  Националниот џез оркестар кој летово со своите настапи го разбранува хрватското крајбрежје.

По концертот на овој фестивал, Националниот џез оркестар ќе настапи на Сараевскиот џез фестивал на 6 ноември а кој е веќе однапред распродаден.

Загреб Мартин Ѓаконовски-Шпато Национален џез оркестар џез фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.