Во Министерството за финансии ниту една одлука донесена од страна на министерот за финансии не му е доставена на дополнителниот заменик-министерза согласност и за потпис, тврди дополнителниот заменик министер Кире Наумов.
– Во пресрет на утрешната аукција на државни хартии од вредност и за сите наредни аукции, а се разбира и за веќе завршените, оваа информација сметам дека треба да ја имаат предвид сите домашни кредитори, вели Наумов.
Според него, нема да биде изненадување ако во наредниот период овој состав на Владата ги поништи и одлуките во Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои се без согласност од дополнителните заменици-министри.