Претседателот на Романија во заминување, Илија Боложан, го назначи Каталин Предоиу за вршител на должноста романски премиер.
Боложан денеска го потпиша указот за назначување на Предоју за вршител на должноста премиер на Романија, кој ќе ги извршува службените должности до формирањето на нова влада, откако вчера Марсел Чолаку поднесе оставка на премиерската функција, соопшти кабинетот на претседателот, пренесе Аџерпрес.
Националниот политички совет на романските социјалисти (ПСД) вчера одлучи партијата да ја напушти владејачката коалиција и Чолачу да поднесе оставка од функцијата премиер.