Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НБРМ пушти во оптек четири ковани пари за колекционерски цели

0
By Нова ТВ on October 6, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 6, 2017 12:47

Народната банка на Република Македонија издаде и пушти во оптек четири нови ковани пари за колекционерски цели. Станува збор за кованите пари „Година на кучето – богата година на кучето“, „Година на кучето – безбедна година на кучето“, „Руски лавиринт“ и „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“.

На аверсот, на кованата пара „Година на кучето – богата година на кучето“ во центарот на монетата се претставени грбот на Република Македонија и годината на издавањето на монетата – „2018“. Околу монетата (по должината на периметарот) се прикажани натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

На реверсот, во центарот на монетата е претставена слика на куче во боја што влече запрежна кола на две тркала исполнета со златни монети. Во заднината се прикажани листови од детелини. Над централната слика на монетата се наоѓа натписот „Богата година на кучето“ на англиски јазик.

На аверсот, на кованата пара „Година на кучето – безбедна година на кучето“ во центарот на монетата се претставени грбот на Република Македонија и годината на издавањето на монетата – „2018“. Околу монетата (по должината на периметарот) се прикажани натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

На реверсот, во центарот на монетата е претставена слика на куче во боја претставено како заштитник на домот – куче кое прегрнува куќа. Над куќата е прикажано небо со ѕвезди, Сонцето и Месечината. Во горниот дел од реверсот на монетата (по должината на периметарот), се наоѓа натписот „Безбедна година на кучето“ на англиски јазик.

Овие ковани пари се изработени од сребро Ag925, со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто од 26,16 г и во кружна форма со димензија 38,61 мм.

Цената на кованите пари „Година на кучето – богата година на кучето“и  „Година на кучето – безбедна година на кучето“ изнесува 3.200,00 денари.

Кованата пара на „Руски лавиринт“ на аверсот, во централниот дел е прикажан лавиринтот со две дупки на кованата пара. Во горниот дел од аверсот е претставен грбот на Република Македонија, а под грбот – годината на издавање 2017. Околу кованата пара се наоѓаат натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ (на македонски јазик) и латинската изрека „Per aspera ad astra“ (со значење „низ трње до ѕвездите“).

Nа реверсот, во централниот дел е прикажан лавиринтот кој се наоѓа во Долната градина во Петровиот дворец(Русија), со фонтана во центарот и Петровиот дворец во позадина. На двете страни од лавиринтот се претставени портрети. На левата страна е прикажана статуа на Петар Велики – творец на лавиринтот во Петровиот дворец, а на десната страна – статуа на Ана Јоановна, која ја продолжила работата на Петар Велики. Во централниот дел на кованата пара се наоѓа натписот „Russian labyrinth“. Исто така, прикажани се натписите: „Peter the Great“ и „Anna Ioannovna“ (околу кованата пара, по должината на периметарот) и ознаката „Ag925“ во долниот дел од кованата пара.

Овaa кованa парa е изработенa од сребро Ag925, со тежина на среброто од 50,45 г, чистота на среброто од 46,67 г и во кружна форма со димензија 47,00 мм. Цената на кованaтa парa „Руски лавиринт“ изнесува 4.300,00 денари.

Кованата пара „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“ на аверсот, во горниот дел од монетата е претставен грбот на Република Македонија и натписот „Република Македонија“ на македонски јазик. Во централниот дел на монетата се претставени натписите: „1967-2017 50 години“ и „бројот 50” во чија средина е претставено логото на „Македонска академија на науките и уметностите   Скопје“. Во долниот дел на монетата се претставени натписите: „100 денари“ и годината на издавање „2017“.

На реверсот, во централниот дел на монетата е прикажана слика на зградата на Македонска академија на науките и уметностите, а под неа натписите „1967-2017“ и „Аg925“. Околу монетата, по должината на периметарот е прикажан натписот: „Македонска академија на науките и уметностите Скопје“ на македонски јазик.

Кованaта парa е изработенa од сребро Ag925, со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто од 26,16 г и во кружна форма со димензија 38,61 мм.

Цената на кованaтa парa „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“ изнесува 2.500,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

ковани пари колекционери НБРМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.