Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не оди, па не оди: МЗТ Скопје со петти пораз во Еврокупот

0
By Нова ТВ on November 16, 2016 СПОРТ
Фото: eurocupbasketball.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Емил Рајковиќ почна Александар Јоневски му помагаше, Јончевски продолжи Горан Крстевски му помагаше, Крстевски продолжува Књазев помага, но МЗТ Скопје никако да се извлече од „црната дупка“ во која е западнат. Македонскиот кошаркарски првак вечерва загуби на домашен терен и од Лиеткабелис со 80:87 (20:21, 12:25, 17:16, 31:25) во петтото коло во Еврокупот. Вреди да се напомене дека Шарлон Клоф сè уште се опоравува од повредата, а клубот од СЦ „Јане Сандански“ ја прекина соработката со Урош Лучиќ и Љубомир Младеновски пред мечот што беше дополнителен удар во целата ситуација.

Синовец и Кларкс уфрлија по 20 коша, Темс постигна 16, Скот 12 и Диабате 10 што, сепак, не беше доволно за прва победа во второто по ранг натпреварување на организацијата под чија капа е елитната Евролига. Два скромни поена од Дреновац, без учинок завршија Ѓуроски, Лалиќ и Симоновски и Мекиќ кои имаа променлива минутажа. Леонавичиус беше најефикасен во литванскиот состав за кој сите што влегоа во игра запишаа поени.

Лиеткабелис по вторпат ги совлада „металците“ благодарение на играта и резултатот во вториот период (25:12) и на одмор заминаа со 46:32. Двата во второто полувреме завршија на страна на домашната екипа, но далеку од разлика за анулирање на негативата.

МЗТ Скопје е убедливо последен на табелата во групата А со скор 0-5 каков имаат уште и Будуќност и Унион Олимпија во две од преостанатите три конкуренции. „Металците“ веќе во петок ги очекува нова обврска. Ќе бидат домаќини на ФМП во рамки на АБА лигата во нов обид да забележат победа во сезоната во која моментно имаат вкупен биланс 2-12.

Еврокуп Кошарја Лиеткабелис МЗТ Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.