Очекуваме во текот на утрешниот ден да имаме повеќе информации и од страна на меѓународните партнери дали преговорите ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, изјави денеска на прес конференција Љупчо Николовски член на Извршниот одбор на СДСМ.
Тој нагласи дека позициите на СДСМ остануваат исти, непроменети и после внатрепартиски консултации викендов.
„Се надевам дека ќе се дојде до договор после вразумувањето на другите учесници во целиот овој процес, особено на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Николоски.
За спорот околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи, Николовски нагласи дека, согласно законите во Македонија и законот за Влада, со министертвата раководат министрите и не може да се прави исклучок со МВР да раководи некој друг.
„Цврсто ќе стоиме на ставот дека министерот за внатрешни работи, за да ги сноси сите одговорности што ги има, ќе мора да ги има во целост сите овластувања, ингеренции што му се по закон. СДСМ од таа позиција нема да се помести“, рече Николовски.