Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не успеа составувањето влада на Бугарија: И социјалистите в понеделник го враќаат мандатот

0
By Соња Крамарска on January 20, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Корнелија Нинова
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 20, 2023 16:10

„Одржавме заеднички состанок на раководството и пратеничката група на Бугарската Социјалистичка партија. Го добивме третиот мандат и кон оваа задача се однесуваме крајно одговорно. Во четири точки ги идентификувавме најважните приоритети за Бугарија и бугарскиот народ во овие кризи. Тоа се приоритети кои постојат во програмите и во намерите на сите партии, односно баравме она што ќе не обедини, а не она што ќе не раздели“.

Ова го изјави лидерката на БСП Корнелија Нинова на вонреден брифинг во парламентот, јави БГНЕС.

„Баравме решенија за излез од кризите во кои се наоѓаме, а особено од политичката криза. Ние зазедовме поинаков пристап, ги поканивме на разговор сите лидери на парламентарни партии. Некои од нив одговорија, некои не – тоа е нивен избор, иако покренува многу прашања“, рече таа.

„Разговаравме за нашите чекори од сега па натаму и решивме: третиот мандат во понеделник ќе му го вратиме на претседателот. Остануваме отворени за разговори со сите кои се важни за Бугарија и бугарскиот народ“, рече партиската лидерка.

На прашањето кој ќе одговара за немањето влада, Нинова коментира дека тоа ќе се види од гласот на бугарскиот народ на претстојните избори.

„Манипулација е сугестијата дека за ова е виновен третиот мандатар, кој и да е тој. Одговорноста е првенствено на првиот, вториот,  и на третиот се разбира, но бидејќи првиот не успеа, вториот не успеа, третиот ли треба да понесе одговорност“, рече таа.

 

БСП Буггарија Корнелија Нинова мандат за влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.