Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не во Уставниот туку во Кривичниот е иљачот за оваа напатена и од политиката до гуша криминализирана Македонија

0
By Marija Todorovska on December 9, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 9, 2024 15:41

Но овојпат се чини ДУИ се утна во две работи кои не се во прилог на нејзината намера за враќање на рејтингот зашто одбра многу неадекватна локација за протести и блокади, го одбра Уставниот и тоа пак со примеси на својата проверена алатка, со вбризгување партиска инфузија на засега благ национализам и, во оваа своја најнова партиска креација, авторите имаат две евидентни фалинки…

Зоран Иванов

Засега кротко и во стилот налик на Шарената, ДУИ сред зима, демек жртва со додадена вредност, се обидува на топло да ја држи својата партиска активност зашто од за неа неочекувана и непосакувана позиција на опозиција, реши да почне да ја загрева атмосферата за локалните догодина како надеж за наредните предвремени или редовни парламентарни, сеедно, за да си се врати каде што смета дека и е местото за стално, да си запоседне министерства и ресурси зашто вака, во опозиција, како да се во туѓи чевли и се е убаво, дозволливо, нели партиски активности, но овојпат се чини дека ДУИ се утна во две работи кои не се во прилог на нејзината намера за враќање на рејтингот зашто одбра многу неадекватна локација за протести и блокади, го одбра Уставниот и тоа пак со примеси на својата проверена алатка, со вбризгување партиска инфузија на засега благ национализам, ама, ама во оваа своја најнова партиска креација, авторите имаат две евидентни фалинки, првата е фактот дека од 2001-ва наваму, од Рамковниот досега, помина време побаеги, време во кое израснаа нови генерации гласачи Албанци, се школуваа и образуваа, магистрираа и докторираа, отвораа бизниси и го шетаа светот, генерации гласачи кои не ќе може туку така да бидат излажани, уште помалку изманипулирани преку изветвени националистички финти како оваа со Уставниот и, втората, втората е во фактот што, за разлика од претходно, ДУИ е сега соочен со силна опозиција која доби доверба токму од тие нови генерации гласачи Албанци па, оттука, кажано и во оваа една реченица, мошне е извесно дека ДУИ би собрал повеќе граѓански аплаузи и повеќе албански гласови доколку своите шатори наместо пред Уставен ги растегне пред Кривичен зашто не во Уставниот туку во Кривичниот е иљачот за оваа напатена и од политиката до гуша криминализирана Македонија.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

ДУИ Зоран Иванов Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.