Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Некои феномени за НЛО се необјасниви-Американската влада го обелодени извештајот

0
By НОВА ТВ Balaban on June 26, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 26, 2021 10:23

Американската влада го објави долгоочекуваниот извештај кој требаше да потврди или демантира дали 144-те објекти кои ги виделе пилотите на американската авијација во 2004 година се неидентификувани летечки објекти. Но, и најновиот извештај кој го објави Конгресот, откако им бил даден на увид не може да ги потврди овие појави кои владата на САД ги нарече „неидентификувани воздушни појави“.

Во обемниот извештај стои дека сите наводи на воените и на разузнавачките аналитичари, не располагале со доволни податоци за да го утврдат потеклото на мистериозните летечки објекти кои ги гледале воените пилоти, вклучувајќи го и прашањето дали станува збор за напредни технологии на некоја држава , атмосферски појави или дека се од вонземска природа.  

„Врз основа на податоците со кои располагаме, немаме јасни индикации дали некои од тие неидентификувани водушни феномени се дел од странски разузнавачки програми, и немаме јасни податоци кои би укажале на голем технолошки напредок на некој потенцијален противник на САД“ им било кажано на новинарите на брифингот.

Ова не е прв официјален владин извештај за оваа тема. Американското воено воздухопловство, порано спроведе истрага за НЛО која ја нарече „Проект сина книга“, кој е завршен во 1969 година и кој содржи список од 12.618 појави од кои 701 се споменуваат како објекти кои официјално останале ,,неидентификувани“.

Во 1994 година, американското воено воздухопловство објави дека спроведе студија за да се лоцираат документи и податоци во врска со ,,инцидентот во Розвел“ 1947 година во Ново Мексико. Во студијата е речено дека материјалот кој е пронајден во близина на Розвел, одговара на оној по рушењето на балонот што било долгогодишно објаснување на војската за инцидентот, и дека нема документи кои би покажале дека тогаш пронајдените тела се тела на вонземјани или кои содржеле вонземјански материјал.

 
Американска влада необјасниви НЛО студија феномени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.