Повеќе од три лица се повредени во невремето што вчера го погоди Истанбул.
Обилните дождови ги поплавија улиците и предизвикаа проблеми во движењето. На улиците има паднати дрвја, а надојдената вода носеше автомобили по улиците. Градскиот сообраќај бил во прекин, а откажани биле и летови од аеродромот „Ататурк“.
Запрен бил и поморскиот сообраќај, а некои жители со гумени чамци пловелеа по поплавените булевари.
При експлозија во пристаништето повреден е еден човек.
Кран паднал врз нафтени склад и предизвикал пожар, кој подоцна е локализиран.
Други две лица се повредени при уривање на ѕид на гробишта. Можно е под урнатините да има уште луѓе.