Повеќе од три лица се повредени во невремето што вчера го погоди  Истанбул.

Обилните дождови ги поплавија улиците и предизвикаа проблеми во движењето. На улиците има паднати дрвја, а надојдената вода носеше автомобили по улиците. Градскиот сообраќај бил во прекин, а откажани биле и летови од аеродромот „Ататурк“.

Запрен бил и поморскиот сообраќај, а некои жители со гумени чамци пловелеа по поплавените булевари.

При експлозија во пристаништето повреден е еден човек.

Кран паднал врз нафтени склад и предизвикал пожар, кој подоцна е локализиран.

Други две лица се повредени при уривање на ѕид на гробишта. Можно е под урнатините да има уште луѓе.