Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема абер кога ќе продолжи комисиската седница за уставни судии

0
By Sashko on June 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 7, 2021 20:59

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата не се знае кога ќе продолжи со седницата на која треба да бидат утврдени имињата на кандидатите за уставни судии. Претседателот на Комисијата, Костадин Костадинов изјави дека засега не се знае кога ќе биде закажано продолжение, посочувајќи дека имало расправии и тензии и оти пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обиделе да ја попречат работата на собраниското тело.

Костадинов претходно денеска ги обвини пратениците на опозициската партија дека недоволно ги познаваат процедурите во врска со изборот на судии на Уставен суд.

– Не може да ги имаме биографиите на уставните судии, кога самите кандидати произлегуваат од замениците или од членовите на Комисијата за избори и именувања. Процедурата е следна, на самата комисија колегите, заменици и членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата даваат предлози за уставни судии. Поднесуваат биографии за нив, даваме пауза, сите пратеници ги имаат на увид биографиите и продолжуваме на одлучување на уставните судии. По одлучувањето, предлогот на одлуката оди на конечно одлучување на пленарна седница, објасни Костадинов и додаде дека постапува согласно законот.

Од друга страна, пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека она што денеска се случувало на Комисијата за избори и именувања само докажува колку се погрешни политиките што ги води власта преводена од СДСМ.

– Наместо Владата да се насочи кон тоа на што побрзо да се донесе закон за работа на Уставниот суд или да пронајде начин како Уставниот суд би играл клучна улога во зачувувањето на уставниот поредок, како што тоа е пример во сите развиени европски држави или да се обидеме оние кои што се во Уставниот суд да бидат навистина оние најпаметните, најпрофесионалните луѓе со дигнитет, гледаме уште еден обид на власта на еден крајно шверцерски, компромитирачки начин, пошто – пото, да се стави таа точка на дневен ред. Притоа кршејќи ги буквално сите процедурални правила веќе којзнае по кој пат во работата во Собранието, и постојано обидувајќи се да ја дефокусираат јавноста со тоа што ќе го обвинат ВМРО-ДПМНЕ дека го бојкотира Собранието, рече во изјава за медиумите Јанушев.

Право да предложи уставен судија на седница на Комисијата има секој нејзин член. Единствени критериуми, според Уставот, се кандидатот да биде истакнат правник и да не биде член на партија.

Собранието треба да избере тројца уставни судии. За тоа се потребни мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Во јуни им истече мандатот на тројца уставни судии.

Игор Јанушев Комисија за избори и именувања Костадин Костадинов Македонија Собрание уставни судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.