Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е позитивен на ковид-19, е објавено претпладнево на социјалните мрежи.
Сакав да објавам дека, на пат кон дома по настапот на турнирот во Абу Даби, сум позитивен на ковид-19, напиша и самиот Рафа на Инстаграм.
Надал во текот на минатата недела се врати на тениските терени по речиси едногодишна пауза поради повреда и на егизибицискиот турнир во Абу Даби претрпе два пораза – од Енди Мареј и од Денис Шаповалов.
Надал, кој освои 20 гренд титули во кариерата, се пријави за настап на Австралија опен, првиот гренд слем во сезоната, а до првиот меч во Мелбурн има помалку од еден месец.