Нашите противпожарни екипи излегоа на терен и се вратија, бидејќи, за среќа, не гори стан. Станува збор за објект лоциран на улицата „Никола Карев“, спроти Пајак службата на ПОЦ и таму не ни имало пожар, туку има едно бездомно лице кое постојано ни прави вакви проблеми, ни изјави Владимир Симоновски 

По информациите дека гори стан во близина на Железничката станица во Скопје и тоа во зграда која се наоѓа блиску до бензинската станица, за што излегоа и фотографии и видеа од кои се забележува чад од зградата и протипожарни возила, од Противпожарната бригада за НоваТВ изјавуваат:

– Нашите противпожарни екипи излегоа на терен и се вратија, бидејќи, за среќа, не гори стан. Станува збор за објект лоциран на улицата „Никола Карев“, спроти Пајак службата на ПОЦ и таму не ни имало пожар, туку има едно бездомно лице кое постојано ни прави вакви проблеми. Не е точно дека гори стан. И јас се чудам на тоа што го прочитав во дел од медиумите, ни изјави Владимир Симоновски, раководител на скопската противпожарна бригада.

Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од запалено ѓубре во приземјето на зградата.