Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Нема правда“ – СДСМ за слободата на Груевски и одмрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Zoran Ivanov on July 14, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 14, 2026 21:14

СДСМ остро реагираше по пресудите во предметот „Талир 2“, со кои поранешниот премиер Никола Груевски беше ослободен од обвинението, а конфискацијата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, познато како „Белата палата“, беше укината.

Од опозициската партија оценуваат дека одлуката претставува доказ дека, како што велат, судството и обвинителството работат во корист на власта и овозможуваат поништување на претходните судски постапки против поранешни функционери.

Граѓаните гледаат како судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го чистат Никола Груевски од одговорност за предметот ‘Талир 2’ и го одмрзнуваат криминалниот имот на ВМРО. По осум години, ‘Белата палата’, вредна 14 милиони евра, како и останатиот партиски имот во вредност од околу два милиони евра, повторно се во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од СДСМ.

Партијата тврди дека поранешниот премиер, кој е правосилно осуден во други предмети и се наоѓа во Унгарија, и понатаму ја избегнува казната благодарение на, како што велат, однесувањето на актуелната власт.

Според СДСМ, Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски не презела доволно активности за екстрадиција на Груевски.

Груевски е осуден криминалец кој не ја издржува казната во Идризово. Мицкоски не бара негова екстрадиција, а документите кои требаше да бидат испратени со месеци патуваа од една до друга институција и никогаш не беа доставени, наведуваат од партијата.

Во реакцијата се оценува дека ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ е уште еден пример дека, според нив, правосудниот систем не функционира независно.

Мицкоски му овозможува на својот ментор Никола Груевски да ја избегне правдата за ‘Талир 2’. Ова е свесна заштита на Никола Груевски, најголемиот симбол на криминалот и корупцијата во Македонија, наведуваат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека поранешниот премиер и натаму живее во Унгарија без да се соочи со одговорност за судските постапки што се водат против него во земјава.

Сега Груевски – човекот кој избега во Унгарија – продолжува да ужива без да се соочи со одговорност, а тоа е можно само поради Христијан Мицкоски, стои во реакцијата.

На крајот од соопштението, СДСМ порачува дека, според нив, „вистината излегува на виделина“ и дека очекуваат да дојде „времето на правдата и одговорноста“.

Претходно, судот донесе одлука со која Никола Груевски беше ослободен од обвинението во предметот „Талир 2“, а беше укината и мерката за конфискација на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, познато како „Белата палата“. Одлуката предизвика реакции во јавноста и меѓу политичките партии.

 

СДСМ Талир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.