Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема правда за ЗНАМ, за Вреди преодна „шестка“

0
By Zoran Ivanov on June 29, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 29, 2026 22:48

Од Вреди веќе се пофалија дека по реконструкцијата на Владата ќе раководат со шест министерства – Животна средина, Економија, Правда, Евроинтеграции, Култура и Министерството за односи меѓу заедниците. Вреди останува без министерствата за добро владеење и за социјална политика, со кои по реконструкцијата ќе раководи ВМРО-ДПМНЕ, а ги добива ресорите – правда, односи меѓу заедниците и култура.

Мариела Трајковска

Од ЗНАМ се надеваа на некаков пресврт во последен момент, незадоволни од понудата да раководат со Министерството за земјоделие во замена за ресорот правда. Вреди се пофали дека добило шест министерства

Додека за премиерот Христијан Мицкоски распределбата на ресорите со владините партнери за реконструкцијата на Владата начелно веќе е завршена работа, а Вреди неофицијално лиферува имиња за новите министри, од ЗНАМ се надеваа на некаков пресврт во последен момент, бидејќи се незадоволни од понудата да раководат со Министерството за земјоделие во замена за ресорот правда што го презема Вреди.

До утревечер и официјално ќе се знаат новите кадровски решенија во подновената Влада на Мицкоски и дали Собранието ќе гласа за реконструкција, или пак како за избор на нова влада, во зависност од бројот на министрите што ќе седнат во зградата на „Илинденска бр. 2“.

Договор со коалициските партнери Вреди и ЗНАМ околу ресорите за најавената реконструкција на владата принципиелно е постигнат, но кадровските решенија и имињата на новите министри ќе бидат соопштени дури откако ќе заврши седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Премиерот одбива да го коментира Вреди

Премиерот одби да ја коментира изјавата на владиниот партнер Вреди – дека ресорот правда дефинитивно оди кај нив, како и за понудата до ЗНАМ за трампа со ресорот правда.

– Не сме разговарале за персонални решенија, за имиња. Принципиелно, имаме договор околу ресорите. Јас во минатото кажав, додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема да коментирам ниту ресори ниту имиња. Почекајте до утре до 20 часот, јавноста ќе биде подетално запознаена – рече вчера Мицкоски.

Премиерот не потврди ни дали Вреди ќе добие ресор повеќе, односно дека во реконструираната Влада ќе раководи со шест министерства.
За смените во пониските владини ешалони, заменици-министри и директори, Мицкоски рече дека на агендата за овој месец е реконструкцијата на Владата, предвиден е ребалансот на Буџетот, а на одредени седници ќе се донивелираат и одредени реформски закони што се потребни за Реформската агенда.

– Потоа, во август, Собранието е на годишен одмор, така што со процесите понатаму продолжуваме од септември – рече Мицкоски.

Вреди се пофалија со шест министерства

Од Вреди веќе се пофалија дека по реконструкцијата на Владата ќе раководат со шест министерства – Животна средина, Економија, Правда, Евроинтеграции, Култура и Министерството за односи меѓу заедниците. Вреди останува без министерствата за добро владеење и за социјална политика, со кои по реконструкцијата ќе раководи ВМРО-ДПМНЕ, а ги добива ресорите – правда, односи меѓу заедниците и култура. Неофицијално, со Министерството за правда Вреди предлага да раководи универзитетскиот професор Јетон Шасивари, Фатон Фазлиу да биде на чело на Култура, додека помеѓу Агон Ферати и Башким Бакиу ќе треба да го предложат новиот министер за односи меѓу заедниците на местото на вицепремиерот и министерот Иван Стоилковиќ.

Вреди смета дека поентирала во преговорите за реконструкција на Владата со тоа што ги добила ресорите правда и односи меѓу заедниците. Од партијата брифираат дека, иако во преговорите во игра бил и ресорот спорт во замена за евроинтеграции, сепак решиле вицепремиерот Беким Сали и натаму да раководи со евроинтеграциите. Неофицијално, Сали имаше амбиции да го смени сопартиецот Азир Алиу во Министерството за здравство, но ВМРО-ДПМНЕ останала на ставот дека за нив во реконструкцијата клучен ресор е здравство.

Кавга во Вреди, го заборавиле Беким Сали

Од друга страна, пак, во Вреди имало кавга меѓу копретседателите Изет Меџити и Билал Касами од една страна и генералниот секретар Сали, бидејќи копретседателите сами без консултации преговарале за реконструкцијата. Сали сакал да се откаже од евроинтеграции во замена за ресорот здравство, но кога ова се изјаловило, тој се откажал од каква било ротација, а Меџити и Касами се повлекле од намерата да го земат ресорот спорт, кој останува кај ВМРО-ДПМНЕ, но неизвесно е дали со тој ресор и натаму ќе министерува Борко Ристовски.

Вицепремиерот Сали викендов изјави дека сè уште немаат конечно решение за ресорите правда и култура и дека Министерството за здравство не е дел од пакетот.

Тој кажа дека додека траат преговорите, ќе има отворени теми, но министерствата за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците сигурно ќе им бидат кај Вреди.

Стоилковиќ се одјави, наводно добро „зачистил“

Стоилковиќ, пак, се одјави од функцијата со порака преку Фејсбук – дека го средил Министерството и дека тоа повеќе не е „сива зона“ на системот. Тој потенцира дека ја укинал Програмата К-5, односно дека во време на неговото министерување немало „седи дома и земај плата“, односно дека за трипати го намалил буџетот на Министерството.

Кај ВМРО-ДПМНЕ преминуваат ресорите добро владеење, здравство и социјална политика, а на сметка на ЗНАМ се откажуваат од Министерството за земјоделство.

Иако од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека на маса пред Максим Димитриевски е ресорот земјоделие, од ЗНАМ се надеваат дека е можно да издејствуваат друго министерство. ЗНАМ настојувала да го задржи ресорот правда, заедно со министерот Игор Филков, што пак, за Мицкоски било неприфатливо. Премиерот можеби и ќе го оставел ресорот правда на ЗНАМ, ако Димитриевски понудил друго кадровско решение наместо Филков.

Лидерот на ЗНАМ Димитриевски веќе изјави дека по владината реконструкција, движењето ЗНАМ ќе биде посилно и кадровски и со потенцијал и во располагање на директна имплементација на власта во ресорни министерства и пониски ешалони на власта.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

Влада мариела трајковакса реконструкција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.