Британскиот премиер Борис Џонсон за време на денешната посета на Киев имаше средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави помошник на украинскиот лидер.

Посетата на Киев, како што објавуваат дел од медиумите,  била ненајавена.

„Посетата на Борис Џонсон во Киев започна токму сега со тет-а-тет средба со претседателот Зеленски“, објави претседателскиот помошник Андриј Сибиха на Фејсбук.

Сибиха на профилот објави фотографија од средбата на Зеленски и Џонсон.

„Џонсон денеска е во посета на Киев на разговори со претседателот Володимир Зеленски како дел од „покажувањето на солидарност со украинскиот народ“, соопшти Даунинг стрит.

„Тие ќе разговараат за долгорочната поддршка на Лондон за Украина и премиерот ќе постави нов пакет финансиска и воена помош“, објави портпарол.