Оружен напад се случил попладнево во менувачница во Кисела Вода на бул. „Борис Трајковски“, во кој неофицијално има две жртви.

МВР потврди дека имало инцидент, но засега не потврдува дали има загинати.

Очевидци кои минувале кај Чешма во Кисела Вода слушнале истрели, а на местото има силно полициско обезбедување и амбулантни возила.