Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нешто убаво – со Фиќо и со многу љубов и позитивна енергија на пат околу светот!

0
By Mirjana on July 15, 2021 ВЕСТИ
Photo: Cropix
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 15, 2021 15:00

Налепницата  со нашиот меѓународен код МК,залепена  на стаклото на едно тиркизно-зелено Фиќо, на фотографија  од  репортажа  во  хрватскиот весник „Слободна Далмација“, ни го привлече вниманието да се задржиме на текстот и да видиме за што станува збор.

Во репортажата се раскажува за Амар Чамо кој 23 години живеел во Австралија и за Лејла која живеела во Швајцарија , за сега како брачна двојка да одберат да живеат во Сараево по венчавката во 2019 година во овој град, и од пред два месеци да се стекнат со највеличенствената улога на светот-родителската.

Photo: Cropix

Се почнало пред 5 години кога Амар дошол на идеја со Фиќо, кој од милина го нарекувал во женски род „Фиќа’’, да тргне на пат и да запознае нови дестинации и луѓе и така ,,опремен„ со многу љубов да промовира позитивни промени во светот, да шири радост и добра енергија.

-Патувајќи, свативме колку малку луѓето водат грижа за земјата која ни е подарена. Во соработка со ЕУ и со разни институции организиравме акции за чистење и работилници како да ја подигнеме свеста за тој проблем.Свативме дека постои силна корелација помеѓу менталитетот на луѓето и односот спрема средината, затоа вклучувавме и многу млади луѓе на кои им ја објаснувавме важноста за грижата за природата“, објаснуваат Амар и Лејла во репортажата на ,,Слободна Далмација“.

Амар со тиркизно-зелената ,,Застава 750“ поминал добар дел од Европа  и северна Африка.Незапирливиот авантурист своите случки во култното возило ги објавува на Инстаграм профилот Ficarew., благодарение на кој стекнале различни познанста од Бали до Аргентина.

Photo: Cropix

– Идејата за ficacrew се роди пред пет години кога тргнавме од Црна Гора накај Италија.„Фиќата“тогаш не беше подготвена. На почетокот имавме многу  дефекти , луѓето зборуваа дека сме луди поради тоа што сме решиле да отидеме на две недели со ова ауто  во Турција, но мене ми звучи инспиративно кога некој ќе каже дека нешто не може,“ изјавил низ насмевка ,во репортажата на весникот „Слободна Далмација“ Амар.

Но, како за чудо тој пат фиќото одело без никакви проблеми.Амар смета дека аутото не мислело дека некогаш воопшто ќе се врати во живот , но кога сватило дека не е оставено , почнало да работи одлично. Но, сигурно за тоа помогнале и механичарските вештини на Амар, кој не бил тоа по професија но обожувал да „чепка“ во срцата на олдтајмерите.

Првото најдолго патување траело пет недели, се одвивало преку Италија  со траект до Тунис  и понатаму до  Алжир, а потоа се „случила“ Лејла. Нивното брачно патување не траело еден, туку три месеци. Превозно средство им било фиќото а целта од Сараево до Рејкјавик.

Photo: Cropix

-Патувавме северно преку Данска, ги посетивме Фарските острови и стигнавме на Исланд. Потоа во декември не дочекаа минусни температури, но Фиќото сето тоа го издржа, изјавил гордиот Амар, заблагодарувајќи им се на многуте пријатели кои ги стекнале преку социјалните мрежи и кои им понудиле ноќевање.

-Во овие четири години, сосема ми се смени животот, запознавме толку отворени луѓе ,кои ни станаа доживотни пријатели, заклучил тој.

Во овие моменти Амар и Лејла ја подготвувата новата тура низ Балканот до Турција, овој пат на патувачката авантура со ,,лутата машина Фиќа“ќе ги придружува двомесечното бебе.

 

патување позитива фиќо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.