Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

0
By Zoran Ivanov on June 24, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
U.S. President Donald Trump speaks on the day he is set to sign an executive order on "Fostering the Future" in the East Room of the White House, in Washington, D.C., U.S., November 13, 2025. REUTERS/Jonathan Ernst
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 24, 2026 18:57

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една година, оценувајќи дека активностите што го загрозуваат мирот, стабилноста и демократското управување во регионот продолжуваат да претставуваат закана за националната безбедност и надворешната политика на САД.

Мерките се однесуваат на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија.

Во претседателски документ објавен на 24 јуни, пренесуваат повеќе балкански медиуми,се наведува дека дејствијата на поединци и групи што го загрозуваат мирот, меѓународните напори за стабилизација на регионот, како и активностите што го попречуваат демократскиот развој и евроатлантската интеграција на земјите од Западен Балкан, продолжуваат да претставуваат „вонредна и невообичаена закана“ за интересите на САД.

Вонредната состојба првпат ја прогласи американскиот претседател Џорџ В. Буш на 26 јуни 2001 година, со Извршна наредба 13219, која овозможи замрзнување на средствата на поединци и организации што ја загрозуваат стабилноста на регионот.

Мерката се однесуваше на актери поврзани со екстремистичко насилство во тогашна Македонија, попречување на спроведувањето на Дејтонскиот договор во Босна и Херцеговина и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН за Косово.

Регулативата беше проширена во 2003 година за да вклучи активности што го попречуваат спроведувањето на Охридскиот договор во Македонија, а беше дополнително проширена во 2021 година со извршна наредба на претседателот Џо Бајден. Во тоа време, меѓу наведените причини беше „поткопувањето на повоените договори и институции создадени по распадот на поранешна Југославија“ и „широко распространетата корупција што го попречува демократскиот развој и интеграцијата на регионот во евроатлантските структури“.

На почетокот на 2025 година беше донесен нов извршен декрет, кој вклучуваше обиди за загрозување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, поткопување на мировните договори, сериозна корупција и избегнување на американските санкции.

Извршните наредби на САД не ги именуваат конкретно поединците или организациите, туку обезбедуваат правна рамка за воведување санкции врз поединци, компании и други субјекти за кои Вашингтон смета дека дејствуваат против стабилноста и демократскиот развој на регионот.

Западен Балкан САД Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

ВЕСТИ June 24, 2026

Сенатот на САД вчера изгласа резолуција, со која се бара од претседателот Доналд Трамп да…

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.