Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со појава локален пороен дожд, грмежи, засилен ветар и услови за изолирана појава на невреме со град. Нестабилното време ќе се задржи и во вечерните часови, локално во форма на невреме. Во текот на ноќта ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен северен ветар, информираат од УХМР.

Утре сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветар од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени, а максималната од 31 до 37 степени. Во Скопје претежно сончево со умерен, попладне повремено засилен северен ветар. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од утре следува период на стабилно и топло време со просечни температури за овој период од годината. До сабота ќе дува умерен, повремено засилен северен ветар, известуваат од УХМР.