Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Несудените инвеститори во Македонски Брод ќе си ги барале парите назад

0
By Нова ТВ on June 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 21, 2017 14:02

По објавувањето на сторијата на НОВА ТВ за лажното предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ за голема инвестиција во Македонски Брод, со реакција се јави инвеститорот од Америка „Броадстоне дефенс“.

Дописот до НОВА ТВ е од управителот Денис Прат, пратен преку неговиот адвокат Пандорка Кимова.

земјиштето во Македонски Брод каде требаше да се изгради фабриката

Од „Броадстоне дефенс“ објаснуваат дека во Македонија дошле на покана на македонската влада, а првично им била понудена да ја купат фабриката „Еурокомпозит“ од Прилеп.

„Во мај 2016 година, по неколкуте состаноци помеѓу „Броадстоне секјурити“ и претставниците на македонската влада, беше утврдено дека во објектот во Прилеп нема да се дозволи поризводство на муниција поради неговата близина до градот. По разгледувањето на неколку други локации што ги предложи Владата, беше утврдено дека Македонски Брод ќе биде најдобрата локација за ваков објект“, пишува во дописот од „Броадстоне секјурити“.

Денис Прат

Од американската компанија се жалат дека потрошиле значителен износ на пари и време во текот на следните 12 месеци во планирање, подготвување и поддршка на инвестиции за градење на земјиштето во Македонски Брод, кое го купиле на јавен повик и платиле даноци, но никогаш не станале сопственици на парцелата.

„Поради одолговлекувањето на стекнување на земјиштето, сега, речиси една година откако „Броадстоне“ влезе во Македонија, инвеститорите за изгубија својата доверба да инвестираат во земја која ги прекршила условите што сама ги определила и го изгубија својот деловен интерес, па одлучија да следат други можности. Ова налагаше „Броадстоне“ да се повлече од проектот и да побара правна помош за поврат на средствата платени на македонската влада за земјиштето и даноците. Не е поднесена ниту една тужба против Владата на РМ,ниту пак „Броадстоне“ сака да покрене судска постапка. Компанијата едноставно бара македонската влада да ги рефундира парите за земјиштето и за даноците кои се платени во врска обидот за стекнување на земјиштето. Ако не се даде поврат на уплатениот износ, Броадстоне го задржува правото да преземе правни мерки“, вели Денис Прат.

Како што објави НОВА, фабриката за оружје во Македонски Брод беше најавена непосредно пред изборите, дури беа фрлени и првите лопати за изградба на фабриката. Но, наместо сега во јуни да почне првото производство на оружје и муниција, несудените инвеститори разочарани од празните ветувања на претходната власт, решија да не инвестираат во Македонија и да им се вратат вложените пари назад.

Броадстоне Денис Прат Зоран Јолевски Македонски Брод Никола Груевски фарбрика за оружје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.