Британецот Мајкл Сендфорд во Невада се обиде да го убие претседателскиот кандидат на Републиканците во САД, Доналд Трамп.
Сендфорд, 20-годишен, не успеал во обидот да го украде пиштолот од полициски службеник за време на кампањата на Трамп во Лас Вегас. Тој на полицијата и посочил дека допатувал од Калифорнија за да го направи тоа.
Според материјалите со кои располага судот, Сендфорд се доближил до полицаецот со образложение дека сака автограм од Трамп а потоа го грабнал пиштолот но не успеал да го извади од футролата.
Пред полицијата изјавил дека убиството го планирал една година и бил решен дека нема да се извлече жив по инцидентот.
Ден претходно, тој вежбал ракување со пиштол на стрелиште.
Јавниот правобранител кој го застапувал Сендфорд, оценил дека Британецот бил во ред и немал дијагноза на ментална болест, но дека имал досие за претходен обид за убиство.
Инаку 20-годишниот Сендфорд живеел во својата кола, немал работа а во САД престојувал илегално со истечена виза.