Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невреме во Црна Гора: Четири лица спасени од високи бранови во Сутоморе, тројца во Чањ

0
By Нова ТВ on July 28, 2019 ВЕСТИ
Фото: vijesti.me
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 28, 2019 23:21

Седум лица се спасени од големите бранови во Јадранско море кај Бар во невремето што попладнево го зафати и црногорското приморје, соопштија од тамошната Управа за поморска безбедност. Четворица тинејџери од Црна Гора и од Косово се спасени од високите бранови во Сутоморе додека тројца се извлечени од немирнитте води кај Чањ, пишуваат медиумите во Подгорица.

Сите влегле во морето и покрај истакнатите црвени знаменца на плажите кои означуваат забрана за капење, но и предупредувањата на Директоратот за вонредни ситуации за невреме што остануваат на сила во Црна Гора.

Брановите на места достигнувале висина до два метра. Четворицата тинејџери (три момчиња и девојка) во водата кај Сутоморе биле на 300 метри од брегот и поради високите бранови не можеле да допливаат до копно.

„Залудно се обидувале да се вратат. Никако не можеле да успеат покрај двометарските бранови. За среќа никој од нив не е повреден. Со чамци на Управата за поморска безбедност и пограничната полиција се одвезени до Бар каде ги чекаа возила на Итна помош. Според наши сознанија, момчињата и девојката се добри“, изјави Сафет Кочан, директор на црногорската Управа за поморска безбедност.

Тој нагласува дека четворицата влегле во море и покрај предупредувањата и црвените знаменца, а апелот за помош пристигнал од други капачи кои биле немоќни сведоци од брегот. Црна Гора сè уште е под опасност од нов бран на невреме (обилни врнежи, силни грмотевици и ветар) што според прогнозите се очекува во текот на ноќта.

Бар Бранови невреме Сутоморе Црна Гора Чањ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.