Многу дигитални платформи во светот, деновиве кога се актуелни случувањата во и околу Авганистан, се вклучија во промоција на вредностите на Авганистанците како народ, кој сега е соочен со потребата да ја напушти земјата пред налетот на Талибанските сили. Една од тие палтформи е и порталот „Next Up“ кој деновиве ја промовира несекојдневната цврстина и храброст и знаење и интелигенција на спортистката Надиа Надим. Во објавата, пишува:

– Ова е Надиа Надим, родена во Авганистан. Нејзиниот татко бил убиен од Талибанците, кога таа била на возраст од 11 години, по што семејството заминало во Данска за да се врати на вистинскиот живот. Надиа има резултат од постигнати 200 гола во професионалниот фудбал , и два пати го претставуваше националниот тим на Данска.  Таа го комплетира целосно медицинкото училиште и студира да стане ресторативен  хирург, кога ќе и заврши времето за игра. Таа зборува 11 јазици течно, а угледното списание „Forbes“ ја претстави како најмоќна жена во меѓународниот спорт.
Ако сакате на вашата ќерка да и претставите модел за пример, покажете и ја Надиа Надим, ја завршува својата објава порталот „Next Up“.