Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Независниот синдикат ги бара покачувањата, МВР нуди разговор

0
By Нова ТВ on November 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 4, 2017 15:32

МВР денеска преку соопштение најави дека е подготвено на разговори за секое барање или предлог на синдикалните организации на полициските службеници и други вработени во оваа институција.

Ова следи по денешниот проетст на Независниот синдикат на полицијата.

-По доаѓањето на актуелното раководство на МВР преземени се низа чекори за подобрување на условите за работа на вработените во Министерството. Во тек се конкретни активности за подобрување на стандардот на работење на полициските службеници, почнувајќи од набавка на основната полициска опрема како што се униформи и чизми, нешто што се нема случено скоро цела деценија.

Актуелното раководство на МВР досега ниту одбило каков и да е синдикален предлог, ниту пак има намера во решавањето на проблемите да ги исклучи полициските синдикати. Напротив, сметаме дека само заеднички можеме да дојдеме до најоптималните решенија. Ги покануваме претставниците на полициските синдикати на заедничка средба на која проблемите ќе бидат дискутирани, со цел тие да бидат решени, се вели во соопштението од МВР.

Синикалците денеска побараа од премиерот Зоран Заев и до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги побараа двете ветени покачувања на платите од по пет насто, едното во мај и другото во последното тримесечје од годината, кои не се реализирани.

-Не може да се случи министерот за финансии во изминатите два дена јавно да го даде се она што е подготвено од Владата на увид на сите граѓани како сума на пари кои ќе бидат трошени во 2018та година, сето тие што ние го гледаме да не задира во душата и создава потенцијален немир кај сите вработени во полицијата, вели Гоце Делчев од Независниот синдикат на полиција.

За Маријан Ристески од Конфередерацијата на синдикални организации, ова не се којзнае какви финансиски големи импликации на буџетот и може со мали средства да се задоволат барањата на колегите.

-Ние ја поздравуваме одлуката на Владата за покачување, не сме против одредени структури во државата како образование, здравство, свесни сме дека ова преку ноќ не може да се реши, но се надеваме и очекуваме одредени промени во односот на одредени луѓе во министерствата кон овие луѓе да биде покоректен, рече Ристески.

 

МВР Независен синдикат на полицијата покаќување на одлуките протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.