Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Независниот синдикат за култура обвинува на предизборни притисоци

0
By Влатко Чаловски on October 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 19, 2016 09:40

Власта се обидува предизборно да изврши притисок врз вработените во институциите кои работат на полето во културата, обвинува Виктор Илиески од Независниот синдикат на културата.

Како што неодамна објави на својот Фејсбук профил, Илиески за НОВА вели, станува збор за притисок во неколку институции во форма на потпишување нови договори и решенија на вработените коишто ќе бидат во согласност со новите измени во Законот со култура а кои се донесени без согласност на над 800 членови на независниот кандидат.

– Ние како независен синдикат на културата не го признаваме тој закон и ги одбиваме сите тие членови коишто се за дисциплинирање, казнување и мерки кои се во Законот за култура, заради лошото третирање на вработените, појаснува тој.

Независниот синдикат апелира до сите вработените да ги одбијат договорите, а Министерството да го стопира процесот во овој предизборен период.

Имено, како што вели Илиески, во измените се наведени изречити казни и дисциплински постапки и се предвидува договорите да се променат од неопределено на определено време. Дополнително истите измени, предвидуваат ставка која вели дека на секои три години би имало реаудиции на музичарите, балетаните, актерите со можност да се загуби работното место.

– Можат да останат на улица многу еминентни уметници доколку директорите ја злоупотребат својата позиција во изборот за членови во комисијата на овие аудиции, бидејќи со две неположени испитни реадуции, уметниците може да го загубат своето работно место на кое биле 15 или 20 години, потенцира Илиески.

Тој наведува дека и покрај тоа што досега одржаа два протести, а исто така не наидоа на слух од страна на министерката Канческа-Милевска, предлозите на независниот синдикат не беа ниту разгледани ниту ставени на маса.

Своите предлози ги доставиле до неколку политички партии  за измени  во законот, и истите да се најдат во предизборна програма кај некој што ќе го слушне нивниот глас, бидејќи како што вели Илиески, моменталните власти декларативно се за уметниците, а никогаш не ги прашале за нивните проблеми.

Во април годинава, кога се носеа измените во Законот за култура, независниот синдикат протестираше пред Министерстовото за култура под слоганот „Културата не ви ја трпи тортурата“, но беа етикетирани како политички мотивирани.

Тие тогаш добија поддршка и од пензионираните колеги, кои велат, власта воопшто не е едуцирана за да управува во оваа област.

договори министерство за култура предизборен мобинг притисоци решенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.