Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ние се бориме за Трамп!

0
By Marija Todorovska on January 27, 2025 ИЗБОР
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Србите се борат за демократија, граѓаните на Хрватска и Босна за подобар животен стандард, а ние – ние се бориме за Трамп! Нам во Македонија сè ни е арно. Демократијата ни тече во млазеви, не можеме да ја скротиме. Економскиот стандард ни е мед и млеко. Радувајте се! Во Македонија имаме новогодишна кошничка, па ќе имаме велигденска.

Јане Ѓорѓиоски

  1. Силни протести против режимот на Вучиќ, деновиве демонстрираат студентите од Србија. Поддршка добиваат и од сите граѓани. На блокадите од сите страни им се приклучувааат, професорите, наставниците, земјоделците, интелектуалците и сите слободоумни граѓани на Србија. Во регионот и пошироко се одржаа собири за поддршка. Се протестираше во Атина, Осло, Базел, Братислава, Нирнберг, Лондон, Базел, Торонто, Прага, Будимпешта и Малта. Во Скопје не се дава поддршка.
  2. Во Хрватска граѓаните самоиницијативно преку социјалните мрежи организираа бојкот на продавниците, кафулињата, бензиските пумпи и рестораните, поради високите цени и намалениот животен стандард. Граѓаните го канализираа револтот и кренаа глас. Иста иницијатива се спроведува и во Босна и Херцеговина. Граѓаните од регионот се борат за достоинствен живот. А ние?

ВО ЕДНО: Србите се борат за демократија, граѓаните на Хрватска и Босна за подобар животен стандард, а ние – ние се бориме за Трамп! Нам во Македонија сè ни е арно. Демократијата ни тече во млазеви, не можеме да ја скротиме. Економскиот стандард ни е мед и млеко. Радувајте се! Во Македонија имаме новогодишна кошничка, па ќе имаме велигденска. Што ви е, какви граѓански иницијативи? Срамота е тоа. Здравство, образование… беспрекорно?! За што да се бориме ние кога тука ни е жива лепота?! Студентите не им даваат поддршка на своите колеги од Србија. Политичарите (и власт и опозиција) бегаат од темата протести во Србија како ѓавол од темјан. Немој случајно да се замерат со Вучиќ. И што има ние сега да се секираме што се случува околу нас? Силната политичка и новинарска „елита“ во Македонија се испотепа да застане позади хегемонот Трамп и фашистот Маск. Сега му е мајката, велат, да удриме по ЕУ и либералната демократрија и да се профилираме накај суверенистите. Така тие милуваат да ги нарекуваат ултранесничарските неофашисти низ Европа и светот – суверенисти. Велат да го зграпчиме моментот, да искористиме шанса и да се лоцираме на страната од победниците. Кои победници бе, бедници ниедни?!

Текстот е сопственост на Фронтлајн

БиХ демонстрации Јане Ѓорѓиоски Србија студенти Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.