Франк де Бур доби отказ во Кристал палас по само четири одработени меча на клупата. Незадоволството кај управата на тимот од Лондон кулминира викендот по поразот на гости од Барнли со 1:0, четврти за екипата од „Селхрст парк“ во исто толку настапи во Премиерлигата во новата сезона. Де Бур претходно не се прослави ниту во Интер.
Кристал палас е првата екипа во англиската фудбалска елита од 1924 година што, и покрај четирите порази, сè уште нема постигнато и погодок. Последната така „црна“ ја имаше Престон.
Холанѓанецот, пак, стана менаџер кој го добил најбрзиот отказ во историјата на Премиерлигата. Неславниот рекорд пред него го држеше Лес Рид кој во 2006 година доби „благодарност“ во Чарлтон по седум натпревари.
Британските медиуми пишуваат дека позицијата на Де Бур е експресно пополнета со Рој Хоџсон чиј промоција се очекува деновиве.