Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николоски: Власта да ја согледа реалноста и да не крева лажна надеж за датум во октомври

0
By Ivana on June 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 24, 2021 20:26

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вели дека власта треба да ја согледа реалноста и да не крева лажна надеж за датум во октомври.

– Не мислам дека октомври е опција и не мислам дека воопшто треба да се создава лажна надеж кај граѓаните. Затоа што и досега многу пати беше создавана лажна надеж, јас континуирано од 2018 досега говорам дека нема да има датум за почеток на преговори. Но, власта ги игнорираше сите информации, рече Николоски во „Тема на денот“ на дневникот на Сител телевизија.

Николоски појасни дека во различни периоди од различни причини не добивавме датум, како што беше влегувањето во иста група со Албанија, неспроведувањето на реформи, неспроведувањето на препораките на ЕУ, случајот „Рекет“, француската нова методологија, па бугарската блокада.

– Јавно кажувам октомври да не се става на маса, првата следна опција е декември, но јас сум песимист и за тогаш,  затоа што Бугарија ќе има претседателски избори каде Радев ќе трча за втор мандат.  Она што мислам дека треба да се прави и да се согледа реалноста. Точно  е дека Бугарија стави вето, но точно  дека уште неколку земји членки не се за, но не се ни против. Мене дел од тие земји членки ми го кажуваат тоа. Во вторникот бев во Луксембург се сретнав со министри за надворешни работи и комесарот за проширување, истакна Николоски.

Тој вели дека одлуката за проширување не е единствената која ЕУ ја носи со консензус, и ако земјава ги исполни условите кои им се важи на другите земји ќе ја принудат Бугарија да ни дозволи датум.

– Постојат три причини зошто има скептицизам, прво е корупцијата,  немање на функционален систем на владеење на правото и во делот на безбедносни реформи и имплементација, нагласи Николоски.

Александар Николоски Бугарија Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.