Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Изборите треба да се одржат веднаш штом се стабилизира епидемијата

0
By Нова ТВ on May 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веднаш штом се стабилизира епидемијата, а сме оптимисти дека брзо ќе се случи, треба да се реализираат изборите, во првиот можен рок. Во моментот кога епидемиолозите и здравствените авторитети ќе проценат дека има услови за враќање на општествените текови во функција, изборите треба да станат реалност, што поскоро, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Од здравствен аспект, како што наведува, најдобро е демократскиот избор на новиот македонски парламент и на новата македонска политичка влада со целокупна одговорност, да се случи во период кога короновирусот е совладан и, секако, пред евентуална нова закана од повторно ширење на вирусот.

Николовски потсетува дека борбата со пандемијата, непосредно пред стартот на предизборната кампања, принудно го стопира изборниот процес, речиси на крај од сите изборни дејствија што беа спроведени од страна на Државната изборна комисија (ДИК), а Собранието не е во функција.

„Денеска, по онлајн координацијата со шефовите на регионалните изборни штабови на СДСМ, дојдовме до заеднички заклучоци во име на партијата, на Централниот изборен штаб и во име на регионалните и општински изборни штабови во шесте изборни едници. Демократијата бара Собранието да ја контролира извршната власт и да биде на располагање за нови одлуки, со полн мандат од граѓаните. Тоа е причина повеќе да продолжиме по патот на обезбедување на новата нормалност, која веќе сите ја живееме. И веднаш штом здравството и епидемиолозите потврдат дека вирусот е под целосна контрола, треба да продолжи изборниот процес и изборните дејствија, онаму каде што застана на 12 април за веќе закажаните избори“, вели Николовски.

Генералниот секретар на СДСМ нагласи оти на сите е јасно „дека преоѓаме во нова фаза, кога одиме кон нова нормалност на нашето живеење, нашето ново секојдневие“. Но, притоа апелира до граѓаните за уште поголема внимателност и посветеност при почитувањето на мерките и препораките.

„Само ако носиме заштитни маски и ако се држиме на два метра дистанца ќе можеме полека да го вратиме јавниот транспорт во поголема функционалност, компаниите ќе се вратат во погон, а наскоро ќе може да се активираат и дел од угостителските капацитети. Само на овој начин, преку обезбедена епидемиолошка контрола, преку строги протоколи за новата нормалност и преку обезбедена заштита на јавното здравје, ќе може да зборуваме и за избори“, порача Николовски.

Според него, „граѓаните прават јасна разлика меѓу одговорниот пристап и неодговорноста.

„Во меморијата на секој од нас остана онаа срамна изјава на Мицкоски на крајот од февруари оваа година. Мицкоски кажа дека „од СДСМ молела бога да се случи коронавирус за да не може ВМРО-ДПМНЕ да излегува со народот на протести. Тогаш ја исмеваше и ја потценуваше оваа пандемија и криза. Што е тоа што го натера Мицкоски да добие уплав од избори после 2 месеци? – Неговите неуспешни напори да го одложи членството во НАТО, да не добиеме одлука за почеток на преговори со ЕУ или неговите подметнувања и желби, здравствените институциите да не успеат во справувањето со епидемијата?“, јавно праша Николовски.

Тој ги повтори и ставовите на партијата при поднесување на иницијативата за свикување на итна седница на Собранието на што опозицијата се спротивстави дека „ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски покажале крајно неодговорно однесување во клучни моменти по здравјето на македонските граѓани, се свесни за тоа и затоа бегаат од секој еден демократски мегдан. Затоа не сакаат  да функционира Собранието и парламентот, затоа не сакаат нормализација и избори“.

избори Љупчо Николовски Македонија СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.