Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Ќе дадеме поддршка на резолуцијата, никој не преговарал за јазикот и идентитетот

0
By НОВА ТВ on July 6, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 6, 2021 15:02

Вицепремиерот за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска во Берово изјави дека ќе дадат поддршка на секоја резолуција или декларација со која се штити македонскиот јазик и идентитет.

Станува јасно дека сите ние го штитиме и јазикот и идентитетот и сето она што е македонско. Не е воопшто прашање и нема воопшто потреба да се стави под прашање било каква резолуција. Ние ќе дадеме поддршка на резолуцијата. Веруваме дека сите постапки ќе завршат во Парламентот и со тоа потврдуваме дека ниту јазикот, ниту посебностите, ниту идентитетот некој ги ставил на маса или преговарал во целиот овој период – изјави Николовски, одговарајќи на новинарски прашања.

Рече дека земјава како никогаш досега немала така висок меѓународен углед, кредибилитет и поддршка и е пример за тоа како се решаваат проблемите.

Големи светски државници пред неколку дена во Охрид пратија порака и констатираа дека нашата земја ги има исполнето сите услови за сето она што треба да го направиме и дека Европската Унија треба да го реши проблемот внатрешно за овие кочници кои ги имаме. Меѓутоа, во ниту еден случај тоа нема да биде во однос на прашањето на јазикот и идентитетот и на сето она кое е македонско и кое е потврдено – истакна Николовски во Берово.

Инаку заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на предавањето на донацијата од страна на Амбасадата на Швајцарија, како и од Швајцарската агенција за развој и соработка, за Територијалната противпожарна единица Берово и за подружниците на ЈП „Национални шуми“ во Берово и Пехчево за справување со шумски пожари.

Донацијата се спроведува како еден од приоритетите дадени во акцискиот план на пилот „Регионалниот план за унапредување на шумите во Малешевскиот Регион“, подготвен во рамки на  „Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија“, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, а координиран од „Фармахем” од Скопје.

Преку оваа донација, Територијалната противпожарна единица Берово, доби четири нови противпожарни возила, опрема за пожарникарите, дрон, како и обуки за пожарникарите за управување со дрон.

Вицепремиерот Николовски посочи дека ваквата донација е особено важна за Малешевскиот Регион, за безбедноста на граѓаните и заштитата на шумите од пожари.

„Новите противпожарни возила, како и целокупната донација од нашите меѓународни поддржувачи, се од исклучителна важност не само за екипираноста на беровската Територијална противпожарна единица, туку и за безбедноста на граѓаните во урбаните и руралните подрачја, за пожарникарите и за заштитата на животната средина. Владата континуирано вложува во подобрување на условите за живот во секоја општина, во секој сегмент што е важен за секојдневниот животот на граѓаните. Истовремено високо на нашите приоритети е и заштитата на природата. Донациите од овој тип, од нашите меѓународни пријатели, се голема помош и поддршка за нас во исполнувањето на овие цели“, изјави вицепремиерот Николовски.

Во своето обраќање амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Сутер Техада, ја потенцираше важноста на Регионалниот план за унапредување на шумите во Малешевскиот Регион, како развоен стратешки план кој е подготвен со партиципативен пристап, со чија помош се воспоставува основа за одржливо управување со шумите и шумското земјиште во регионот, подготвен како една од повеќето пионерски активности на национално ниво, како и континуираната поддршка на Швајцарија во изминатиот период  „Швајцарија ја поддржува Северна Македонија во областа на заштита и зачувување на природата многу години. Во последните десет години, оваа поддршка се спроведува преку Програмата за зачувување на природата, со главен фокус на Регионот Брегалница. Многу пионерски активности се започнати и спроведени во овој регион и постигнати се прекрасни резултати за кои сите сме многу горди“, изјави амбасадорката Сутер Техада.

Градоначалниците на Општините Берово и Пехчево, Звонко Пекевски и Драган Тренчовски посочија дека оваа донација е од голема помош за противпожарната единица и е од големо значење за овој регион, особено што досега противпожарната единица имаше дотраена опрема и возила, а со новите возила и опрема, ќе се придонесе за унапредување на работата на единицата, за зачувување на шумите, превенција од пожари и навремено постапување во критични ситуации.

На настанот беа присутни и директорката на ЈП „Национални шуми“ Јулијана Николова, заменичката-директорка на ЈП „Национални шуми“, Маре Басова ,како и претставници на надлежните институции во Република Северна Македонија на национално и локално ниво, министерства, јавни претпријатија, кои имаа можност  да се запознаат со комплетната опрема за мониторинг, превенција и брза интервенција во справувањето со шумски пожари, која ќе придонесе за зголемена ефикасност на Општините Берово и Пехчево и подружниците на ЈП „Национални шуми“ во справувањето со шумски пожари, и ќе ја подигне на едно повисоко ниво противпожарна заштита во Регионот на Малешевијата.

Љупчо Николовски резолуција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.