Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Луѓе блиски до власта земаа милиони евра за чистење канали

1
By Нова ТВ on September 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција повторно истакна дека криминалот на власта имал огромни последици по безбедноста и сигурноста на граѓаните, а со поплавите на површина испливале целото неодговорно и криминално работење.

– Само во 2014 година, преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, исплатени се повеќе од 2,5 милиони евра за одржување на каналска мрежа за одводнување и наводнување на земјоделско земјиште и инвестиции наменети за водостопанство. Повторно, овие пари легнуваат на сметките на фирмите блиски до владејачката партија. Се работи за следните:

dogovor1Стентон градба – близу 400 илјади евра

Силекс Неметали – близу половина милион евра

Трансмет – близу 700 илјади евра

Жикол – над 800 илјади евра, изјави Николовски.

Тој потенцираше  дека во конечниот извештај за финаниското работење за 2014 година, Државниот ревизор констатирa дека близу 3 милиони евра се исплатени токму преку оваа мерка без при тоа да биде спроведена контрола на лице место и за тоа официјалните контролори на Агенцијата да достават записници.

– Од парите за чистење на канали близу 700.000 евра, завршиле во фирмата „Трансмет“. Нејзиниот сопственик Сеад Кочан, на почетокот на оваа година ја отвори и ТВ Нова, уште една телевизија на која можат да се слушнат многу пофални зборови за власта. Се работи за „оној што има Сеат Ибица“, како што би рекол Никола Груевски, а слушнавме во „Вистината за Македонија“. Близу половина милион евра завршиле кај Силекс Неметали, фирма во сопственост на Силекс АД Кратово, која пак е во сопственост на коалициониот партнер на Груевски, Љубислав Иванов – Ѕинго, чиј син е пак сопственик и на Сител телевизија. Во време на склучување на договорот со Силекс Неметали и исплата на парите, министерот за земјоделство Михаил Цветков, е член на Управниот одбор на Силекс АД Кратово. Тоа е класичен судир на интереси, за кој веќе поднесовме кривична пријава и очекуваме разврска, истакна Николовски.

Љупчо Николовски поплави Сеад Кочан Силеск Неметали чистење канали
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.