Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски во посета на хидросистемот „Плачковица“: Континуирано и рамномерно се стимулира локалниот развој

0
By Sashko on October 5, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски заедно со градоначалникот на општина Карбинци, денеска ја посетија локацијата на која се гради регионалниот систем за водоснабдување „Плачковица“.

Системот со чиста вода ќе снабдува 700 жители од осум населени места – Вртешка со викенд населба Плачковица, Прналија, Кучица, Ебеплија, Јунузлија, Калаузлија и Археолошкиот локалитет Баргала. Капацитетот за производство е околу 1,23 милиони литри чиста вода за пиење и за напојување на добитокот на ден.

Овој систем е од исклучително значење за жителите на Карбинци, за непречна достапност до чиста вода за пиење, особено во летните периоди. За изградба на системот, општина Карбинци доби финансиска поддршка во износ од над 24 милиони денари преку ТАВ програмата за поддршка на општините. Оваа Влада се грижи за сите граѓани подеднакво, за секое населено место, во целата држава. Затоа и владините политики се насочени кон регионален рамномерен развој, подобрување на условите за живот и подигнување на животниот стандард на секој еден граѓанин, рече вицепремиерот Николовски.

Градоначалникот Насев појасни дека станува збор за современ систем со дренажен зафат, доводен цевковод до приклучните шахти кон населените места, резервоарски простор и објекти долж цевководот.

Преку ТАВ Програмата се предвидени 94 проекти во вредност 49,7 милиони евра, меѓу кои за инвестиции во патна, комунална, водоводна инфраструктура, културни домови, градинки и училишта, спортски објекти, здравствени установи.

„Плачковица“ Љупчо Николовски Македонија проект развој ТАВ програма Хидросистем
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.