Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нимиц: Скопје и Атина разговараа во добра атмосфера и без нервоза

0
By Светлана Јовановска on December 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По пауза од три години денес во Брисел се одржа двочасовен разговор помеѓу Грција, Македонија и посредникот во спорот со името Метју Нимиц. Следните средби се најавени за јануари, февруари и март, во Њујорк, Виена или Брисел во просториите на Обединетите Нации (ОН).

Според Нимиц, разговорот помеѓу македонскиот амбасадор во САД Васко Наумовски и грчкиот дипломат Адемантиос Василакис поминал во далеку подобра клима, без нервоза каква што постоела во текот на некои поранешни средби и со очигледен елан од Скопје и Атина спорот со името да се реши во текот на наредните месеци.

“Атмосферата денес беше далеку подобра. Кај двете страни има показатели дека треба да направиме интензивен напор за решавање на ова прашање кое постои одамна”, изјави Нимиц.

“Не дадов предлог денес но двете страни беа добро подготвени, се слушаа едни со други и имаше разбирање помеѓу нив за нивните позиции а имаше и желба да се најде решение. Досега не сме имале ваков поттик,  двајцата министери не притискаат да направиме интензивен напор. И тоа денес и го направивме. Се надевам дека тоа ќе донесе решение за спорот”, вели посредникот.

Тој додаде дека нема ниту рок ниту датум до кој треба да се најде решение но верува дека има расположение и добра волја па така, според Нимиц, во наредните месеци и следната година спорот може и треба да се реши:

“А јас сум тој што треба да турне. По повеќе од 20 години без решение, уште нови 10 или 20 години разговори не би биле од помош.”

Нимиц уверува дека добрата клима на разговорите доаѓа од Атина и Скопје, помеѓу двете влади има убав дијалог  и отсуство на нервоза.

“Двете страни се слушаа една со друга и разговараа помеѓу себе и имаше конструктивен тон кој ме тера да мислам дека има доволно флексибилност кај страните да се најде решение”, подвлече посредникот.

Тој додаде дека денес немало предлози за решение но денес било разговарано за повеќе детали што ги носи овој спор.

За македонската Влада, вели Нимиц, ова прашање има висок приоритет и “тие се чини се решени да излезат од ќорсокакот со Грција” и да тргнат во евро-атлантска интеграција.

Нимиц рече дека во Атина има иста таква волја:

“Во Атина Владата, и министерот и премиерот, дадоа изјави што укажуваат дека сакаат да го решат проблемот и очигледно има желба за решение.”

Решението, вели Нимиц, води во подобра безбедност во регионот, особено во денешната комплексна меѓународна ситуација. За двете земји станува јасно дека е време да се реши проблемот.

За Нимиц нема волшебно име кое одеднаш ќе излезе од шапката и ќе го реши проблемот:

“Јас во тоа не верувам. Сите прашања и можности се разговарани многу пати и сега треба да се најде решение а тоа се прави со волја и добра дипломатија.”

 

 

Адемантиос Василакис Брисел Васко Наумовски Грција име Македонија Мејту Нимиц Обединтети Нации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.