Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нимиц во Сунио: Имавме сериозна, тензична, но корисна средба

0
By Нова ТВ on May 12, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Фактор.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Денешната средба можам да ја оценам сериозна, на неколку пати тензична, но завршивме многу позитивна работа. Двајцата министри сега ќе ги брифираат премиерите во своите земји кои треба да се сретнат во Софија на 17 мај, изјави медијаторот Нимиц по денешната повеќечасовна средба со министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Сунио кај Атина.

Вообичаено Нимиц не одговараше на новинарски прашања, туку само кусо рече дека денешниот состанок бил подготовка на средбата на Заев и Ципрас во Софија.

Очекувања

Претходно, македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов за денешното издание на грчкиот весник „Та неа“, во однос на новата рунда разговори, изјави дека средбата Димитров – Коѕијас – Нимиц ќе игра клучна улога во перспективата за решение во следниот период.

Ангелов, како што пренесе МИА, вели дека постои напредок во преговорите, кои на ниво на министри за надворешни работи се интензивирани во изминатиот период, но сепак остануваат основните разлики.

– Како што изјави и министерот Димитров, во изминатиот период беше забележан напредок во многу аспекти за едно веројатно решение. Сепак, остануваат основните разлики што се однесува на инсистирањето на Грција за промена на нашиот Устав и опсегот за користење на името. Сега влеговме во многу критична фаза за преговорите и средбата на двајцата министри, овој пат со присуство на специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц, ќе одигра клучна улога во перспективата за решавање во следниот временски период, вели Ангелов за „Та неа“.

Грчките весници објавуваат наводни сценарија кои се на маса 

Грчкиот весник „Та Неоа“ во саботното издание објавува сценарио, кое според весникот има две карактеристики: постигнување договор сега и постепено комплетирање за две години.

– При првото читање, најважниот елемент на оваа верзија на договорот е појавувањето на намерата на соседите да го прифатат за севкупна употреба (ерга омнес) името што ќе се договори (преовладуваат имињата Горна Македонија, Нова Македонија), пишува весникот и коментира дека македонската страна го менува ставот за употреба на уставното име во внатрешноста на земјата.

Според информациите на весникот, договорот не може да биде сега и веднаш туку се дава време, најверојатно две години за имплементација на ерга омнес. Македонската страна сметала, пишува „Та неа“, дека овој временски период од две години е задоволителен за да се направат потребните уставни промени, дали со или без распишување на избори.

И според „Катимерини“ последниве денови меѓу Атина и Скопје се разговара за сценарио според кое, треба да и се даде доволно време на Македонија за да го одобри ерга омнес и да направи уставна ревизија.

– Врз база на ова сценарио, кога ПЈРМ ќе ги одобри овие две предвидени точки, особено важни за Атина, тогаш автоматски соседната земја ќе се приклучи во НАТО и ќе ги започне пристапните разговори со ЕУ (секако, доколку Брисел упати соодветна покана), пишува „Катимерини“.

Според „Катимерини“, за придвижување кон договор, за Грција неопходно е да се исполни условот за името да биде ерга омнес.

– Според Атина, не треба да постои никаков прозорец, па дури и во внатрешноста на ПЈРМ, во кој земјата изолирано ќе го користи терминот „Македонија“. Сѐ ќе треба да упатува на новото име, без разлика дали тоа ќе биде „Горна Македонија“ или некое друго, пишува весникот и додава дека ерга омнес води до промена на Уставот.

Димитров Коѕијас Нимиц преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.