Александар Василевски Нинџа го испрашува сведокот на Митко Чавков откако тој сведочеше дека Чавков во времето кое Нинџа го посочи во неговото сведочење, не бил во ВМРО ДПМНЕ, туку во канцеларија што ја имал во Технометал Вардар. Нинџа праша дали паркингот во Технометал Вардар е ист со паркингот кој го користи ВМРО ДПМНЕ.
Сведокот рече дека Технометал Вардар и ВМРО ДПМНЕ користат ист паркинг.
Никола Димитриевски кој бил обезебедување на Чавков претходно кажа дека Чавков го оставиле во Технометал Вардар. На минатото рочиште Нинџа сведочеше дека Чавков по 18 часот го видел во штабот на ВМРО ДПМНЕ како телефонски разговара и дава насоки на Митко Пешев и други лица пасивно да делуваат.
Нинџа, пред да заврши со директното испрашување на сведокот, констатираше дека ,може да заклучи дека обезбедувањето на 27 април не го чувале добро Чавков, затоа што тој бил во штабот на ВМРО ДПМНЕ од 18 и 20 до 19 и 15 минути“.