Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нинџа: Утрово добив закани од лица во придружба на сопругата и ќерката на Чавков

0
By Нова ТВ on May 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 28, 2020 12:16

Лица кои беа во придружба на сопругата и на ќерката на Митко Чавков ми се закануваа денеска додека бев спроведуван во Судот. Чавков директно ми се закани и на денот на изрекување на пресудата, изјави Александар Василевски-Нинџа на почетокот од денешната расправа во Апелацискиот суд за случајот „27 април“.

Судот, на тоа укажа дека, затворските служби што го вршеле спроводот, требало да направат записник, а Василевски додаде дека добивал закани и од политичари додека бил во притвор што неодамна и лично ги пријавил кај обвинителката Вилма Русковска.

Обвинетите за упадот во Собранието на 27 април во 2017 година и нивните адвокати денеска на вториот ден од тридневната јавна расправа пред Апелацискиот суд во Скопје, продолжија со образложение на поднесените жалби за пресудите по предметот. За односниот случај и поради соработка со Обвинителството, Василевски доби казна затвор од осум годни, што е најмала во однос на сите што беа опфатени со обвинителниот акт.

Меѓу 16. обвинети кои со првостепената пресуда во март лани беа осудени на вкупно 211 години затвор за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок” се поранешниот директор на Бирото за Јавна Безбеднист (БЈБ), Митко Чавков, припадници на МВР и Агенцијата за разузнавање.

Обвинителството, пак, има жалба за ослободителната пресуда за Игор Дурловски. Бранителот на Чавков, адвокат Сашко Дуковски, на денешната јавна седница рече дека случајот е неодржлив, бидејќи на средината од постапката имало амнестија на дел од првично обвинетите, како и дека за истиот настан веќе имало друг случај што бил побрзо процесиран и каде обвинетите поминале со бенигно обвинение.

Александар Василевски Нинџа Апелациски суд закани јавна расправа Македонија Слулај „27 април“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.