Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нишани до Иванов: Политичката криза да не се претвора во етничка

0
By Нова ТВ on March 17, 2017 ПОЛИТИКА
Нишани и Иванов во Баку
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Албанија Бујар Нишани по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов  на маргините на Глобалниот самит во Баку, Азербејџан, ја предупредил Македонија дека не треба да се прави обид политичката криза да се претвори во етничка, го пренесува АФП соопштиението од Канцеларијата на албанскиот претседател.

Агенцијата објавува дека Нишани оценил дека „обидите политичката криза да се претвори во етничка криза би можеле да имаат сериозни последици по сите“, се вели во соопштението.

Во соопштението од Кабинетот на претседателот Иванов за средбата со Нишани, објавено во четвртокот, пак, се вели дека се разговарало за односите меѓу двете земји во контекст на актуелната политичка состојба во Република Македонија, како и во контекст на состојбите и предизвиците во регионот.

Притоа се пренесува само она што Иванов го рекол на средбата, односно дека го реафирмирал ставот „дека начинот на кој се донесе пост-изборната платформа на партиите од албанскиот политички блок и изјавите кои следеа од страна на високи функционери на Република Албанија претставуваат мешање во внатрешните работи на Република Македонија“.

– Ваквото мешање во внатрешните работи на Република Македонија е поттик за реализирање на големо националистички идеи, тензии и претставува негативен пример не само на Балканот, туку и пошироко. Потребно е намалување на тензиите во регионот и внимателна реторика, се вели во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Баку Иванов криза Нишани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.