Ниту еден смртен случај, 152 нови и 70 излекувани пациенти е ковид билансот во земјата за последните 24 часа, соопштија од Министерството за здравство (МЗ). Од таму информираат дека во изминатото деноноќие се направени 1.077 тестирања со позитивни наоди кај 39 лица во Скопје, 20 во Куманово, 15 во Гостивар, 14 воШтип, 13 во Струга, девет во Тетови, осум во Дебар, по пет во Битола и во Кавадарци,  четири во Струмица, по три во Охрид, во Гевгелија и во Делчево, по две во Демир Хисар, во Кичево и во Македонски Брод и по едно лице во Прилеп, во Радовиш, во Кочани, во Кратово и во Свети Николе.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 70 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 23, од Куманово – 8, од Штип – 6, од Тетово – 10, од Гостивар – 10 и од Свети Николе – 13. Нема починати пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.086, бројката на оздравени пациенти е 5.427, на починати е 460, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 4.199. Дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје – 4.607, активни 1.935
Куманово – 987, активни 282
Дебар – 193, активни 125
Штип – 732, активни 380
Прилеп – 322, активни 52
Тетово – 992, активни 283
Струга – 415, активни 206
Велес – 212, активни 21
Битола – 114, активни 60
Охрид – 262, активни 111
Кавадарци – 38, активни 21
Гостивар – 372, активни 223
Гевгелија – 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
Струмица – 35, активни 24
Крива Паланка – 22, активни 8
Радовиш – 28, активни 23
Крушево – 15, активни 9
Кочани – 94, активни 24
Пробиштип – 47, активни 28
Демир Хисар – 24, активни 22
Македонски Брод – 12, активни 8
Пехчево – 6, активни 0
Берово – 4, активни 1
Валандово – 6, активни 0
Виница – 5, активни 1
Делчево – 5, активни 4 (*1 лице од ПЕ Делчево е од Македонска Каменица)
Кратово – 13, активни 8
Свети Николе – 216, активни 188
Кичево – 120, активни 93
Ресен – 143, активни 45
Неготино – 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.077 теста се преку ИЈЗ – 667, преку ЦЈЗ Скопје – 23, преку „Авицена“ – 138, преку „Биотек“ – 78, преку МАНУ – 10, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 8, преку „Систина“ со PCR метода – 99, преку Судска медицина – 1, преку ЦЈЗ Битола – 35, преку Инфективна клиника – 3 и преку ГАК – 15. Досега во земјата се направени вкупно 95.169 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени осум нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 83 пациенти од кои 40 добиваат кислородна поддршка и нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, четири позитивни деца и осум пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 септември“ се примени 11 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 100 пациенти од кои тројца се поставени на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 40 пациенти, а во болницата во Штип – 46. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар, во Струмица и во Струга се хоспитализирани 126 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 271
Аеродром – 212
Бутел – 138
Гази Баба – 198
Центар – 161
Карпош – 174
Сарај – 114
Кисела Вода – 179
Ѓорче Петров – 129
Студеничани – 99
Шуто Оризари – 126
Арачиново – 34
Илинден – 26
Петровец – 23
Чучер Сандево – 11
Сопиште – 21
Зелениково – 9
Странец – 8
Нераспределен – 2