Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ниту половина спорни гласачи не се пријавиле, рокот истекува во петок

2
By Нова ТВ on August 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 15, 2016 18:28

Само 5. 022 спорни гласачи од вкупно 39. 502 до денеска се пријавиле во Државната изборна комисија (ДИК) со цел да го докажат своето право на глас.

Согласно Пржинскиот договор, оние гласачи кои се најдоа на листата на сомнителни записи, а нема да се пријават електронски или лично во ДИК заклучно до 19. август, односно петок, ќе бидат избришани од списокот и нема да имаат право на глас на следните избори.

Според поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски, Државната изборна комисија ќе треба двапати да размисли пред да пресече дека тие лица кои не се пријавиле се непостоечки и треба да се избришат од Избирачкиот список.

-Прво е неинформираноста на граѓаните. ДИК ја почна кампањата многу доцна. Ако не се докаже дека овие лица не постојат, тие не може да се избришат туку така, бидејќи правото на глас, загарантирано со Уставот е над сите законски измени донесени врз партиски договор. Државата е должна да направи се, па ако треба ДИК и поединечно да констатира за секој гласач и да образложува за да се утврди зошто едно лице би немало право да гласа, вели Новаковски.

Универзитетскиот професор Темелко Ристовски исто така смета дека Државната изборна комисија не смее да се задоволи со тоа што рокот ќе помине и веднаш да се избришат од Избирачкиот список спорните гласачи.

Времето е кратко и нема никаква шанса да се пријават сите спорни гласачи. ДИК мора да внимава и во кристално чиста и јасна фактичка состојба да утврди дека еден гласач не постои и да го избрише од избирачкиот список, но тоа е тешко.  После истекот на овој рок, даден во летни периоди, ДИК мора да вложи напори, ако треба и додатни рокови и вкрстени проверки со цел што е можно повеќе граѓани да се пријават, бидејќи доколку некој граѓанин подоцна докаже дека има право на глас, а не е на Избирачкиот список, практично би значело дека со оневозможувањето да гласа, се крши Уставот, вели Ристовски.

Тој апелира ДИК да ги искористи сите начини на пропаганда за да се допре до граѓаните во периодот што претстои.

Граѓаните кои се на списокот на спорни гласачи до петок може да се пријават лично, во подрачните единици на Државната изборна комисија, како и во канцелариите на Управата за водење на матични книги, каде ќе мора да приложат важечка лична карта или пасош.

Втора опција е пријавување на веб страницата на ДИК каде поставена е и апликација за електронско пријавување. Тие ќе треба да го внесат матичниот број и да испратат скенирана копија од лична карта или пасош.

Пријавувањето може да се врши секој ден во периодот од 8.30 до 19 часот.

Според партискиот договор, во делот за Избирачкиот список три или повеќе члена на ДИК можат да побараат дополнителна проверка за кое било име.

Спорниот гласач може да биде побарано да се појави лично ако живее во земјата или преку видеоконференција ако живеат во странство.

Овие проверки ќе траат дополнителни 10 дена по 25-дневниот период за пријавување кој истекува овој петок.

Партискиот договор за спроведување на избори наиде на критики кај стручната јавност, но и пратениците во Собранието. За време на гласањето на измените, независната пратеничка Грчева ги повика граѓаните да се пријавуваат маскирани преку Скајп, а доколку ги нема на избирачкиот список, а имаат право на глас да ги тужат партиите.

Дик Избирачки список
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

ВЕСТИ June 6, 2026

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови…

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.