Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир

0
By Zoran Ivanov on October 9, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 9, 2025 13:41

Норвешкиот Нобелов комитет, кој ја доделува Нобеловата награда за мир, го одржа последниот состанок во понеделникот, соопшти денеска Нобеловиот институт во пресрет на утрешното објавување на добитникот за 2025 година.

Ова значи дека добитникот е избран пред постигнувањето на договорот меѓу Израел и Хамас, кој беше склучен под силен притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, кој отворено изразува желба да ја добие наградата за мир.

Израел и исламистичкото движење Хамас ноќеска постигнаа договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците – чекор што се смета за голем напредок кон крај на двегодишната војна на палестинската територија.

– Последниот состанок на Нобеловиот комитет се одржа во понеделникот, посочи портпаролот на Норвешкиот Нобелов институт, Ерик Ашајм.

Комитетот, кој се состои од пет членови, обично ја носи одлуката неколку дена, а понекогаш и недели пред официјалната објава, а завршниот состанок служи за финализирање на одлуката и очекувањата.

Ашајм додаде дека не е закажан дополнителен состанок пред утрешната објава во 11 часот.

Тој потврди дека наградата ќе биде доделена и покрај шпекулациите на некои експерти дека Нобеловиот комитет можеби ќе се воздржи од доделување поради влошената геополитичка ситуација.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој се врати на функцијата во јануари, повеќепати изјави дека заслужува Нобелова награда за мир, бидејќи, како што вели, придонел во решавањето на повеќе конфликти. Тој неодамна изјави дека би било „навреда за САД“ ако не ја добие наградата, но Нобеловиот комитет денеска изјави дека гласините за добитникот на наградата за мир е избран долго пред договорот меѓу Израел и Хамас.

За 2025 година беа номинирани вкупно 338 поединци и организации за Нобеловата награда за мир, која лани беше доделена на Нихон Хиданкјо – здружението на преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки, кое се бори против нуклеарното оружје.

Мир награда Нобелова полнеделник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.